Пикси ќе биде нов селектор на Србија, познато и колку ќе заработува


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српската фудбалска репрезентација во следниот период ќе ја предводи Драган Стојковиќ – Пикси, а тоа го потврди и легендарниот фудбалер за српските медиуми.

Легендарниот Пикси со Фудбалскиот сојуз на Србија ќе потпише договор според кој ќе седи на клупата на Србија во следните два квалификациски циклучи.

Стојковиќ месечно ќе заработува 50.000 евра, а во случај на пласман на Светското првенство во Катар ќе добие бонус од милион евра.

Прославениот фудбалер претходно беше тренер на Гвангжу, но со кинескиот клуб на крајот успеа да пронајде заеднички јазик и ќе ја преземе Србија.