Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Србија вечерва го игра првиот меч на Европското првенство (ЕП), а противник ќе биде Англија која е еден од фаворитите на турнирот.
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси кажа дека не се плашат од „Гордиот Албион“ и ќе нападнат од самиот почеток.
„Зошто да не нападнеме? Не разбирам, од што се плашиме? Верувам во нас и очекувам отворен фудбал. Ако први не дадеме гол, тогаш ќе се обидеме повторно, не се сомневајте во нас“, кажа Пикси.
Дуелот меѓу Англија и Србија се игра вечерва од 21 часот.