Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси кажа дека е разочаран поради поразот од Швајцарија (2-3) и елиминацијата од Мундијалот во Катар, но сепак нема да го напушти кормилото.
Србија освои само еден бод во трите натпревари, а прими дури осум голови, а Стојковиќ по елиминацијата кажа дека останува селектор.
„Секако дека ќе останам. Во март ни почнуваат квалификациите за Европското првенство (ЕП). Не се надевавме на ваков резултат, но момците се бореа колку што можеа. Ќе беше поболно ако победевме, а испадневме. Затоа што ме изненади победата на Камерун над Бразил, но може да видите дека досега испаднаа Германија, Белгија, Данска, Уругвај. Мундијалот е непредвидлив“, кажа Пикси.