Пикси откако Србија прокоцка триумф: Требаше да бидеме паметни…


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Србија испушти победа против Камерун (3-3), а селекторот Драган Стојковиќ – Пикси смета дека морале да одиграат попаметно при водство од 3-1.

Пикси е разочаран поради ремито на Србија која драстично им ги намали шансите за пласман во осминафинале на Светското првенство (СП).

„Нервозни сме по натпреварот. Имавме водство од 3-1 и го прокоцкавме. Непотребно беше излегувањето високо на последната линија, а тоа Камерун знаеше да го искористи. Факт е дека сме подобри од нив, резултатот требаше да биде поинаков. Требаше да играме попаметно“, вели Пикси.