Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диего Армандо Марадона почина во текот на вчерашниот ден и оваа вест ги погоди сите во светот, а еден од фудбалерите кои заигра против Аргентинецот беше легендарниот Драган Стојковиќ Пикси.
Пикси за српските медиуми раскажа за аргентинскиот фудбалски бог и неговата големина во фудбалот.
„Си замина најголемиот, волшебникот во копачки. Беше Бог, за мене инспирација. Марадона беше божество, тоа ќе ви го каже секој во Аргентина или Неапол. Неверојатна личност во секоја смисла. Мислам дека на планетата не постои љубител на фудбалот кој не го сакаше. Едноставно е, ако си човек мораш да го сакаш Диего. Многу сум потресен, прерано замина“, кажа Пикси.
Пикси се сети и на четвртфиналето на Светското првенство во Италија во 1990 година, кога Југославија загуби на пенали од Аргентина.
„Се сеќавам на тој болен пораз. Знаете ли како се загреваше Марадона? Во копачки без врвки. Тој можеше и бос да се загрева затоа што тој е Марадона. Во пенал серијата ја погодив стативата, не знаев каде се наоѓам. Ми беше полесно кога Марадона не погоди. Потоа нивниот голман ни одбрани два удари и ние испаднавме. Плачев, а тогаш дојде Диего ме прегрна и ми кажа: “Немој да плачеш, таков е животот. Видов колку добар играч си, ќе има на што да се радуваш“. Ако нешто тогаш можеше да ме утеши, тогаш тоа беа неговите зборови“, објасни Пикси.