Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Србија вчера славеше против Црна Гора со 3-1 и се наоѓа пред пласман на Европското првенство (ЕП), а селекторот Драган Стојковиќ – Пикси им порача на навивачите да бараат сместување.
Србите теоретски не се пласирани, но се многу блиску до пласман на ЕП, а Пикси е на праг да стане прв тренер кој ги однел на Светско првенство и на Европско првенство.
„Момците заслужуваат пофалби, секој го одработи тоа што беше побарано. Време е полека навивачите да резервираат хотели во Германија. Радувајте се што последниот меч ќе се игра во Лесковац. Државата вложува многу во фудбалот и тоа е голема работа“, кажа Пикси.