Пилотот на хеликоптерот во кој настрада Брајант направил една клучна грешка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант го шокираше светот.

Брајант загина во хеликоптерска несреќа во американската држава Калифорнија кон крајот на јануари, при што загинаа сите девет лица кои беа со него.

После големата трагедија, започна истрага, а според сегашниот тек на истата, пилотот Ара Зобајан бил дезориентиран во моментот на несреќата.

Имено, во разговор со контролата на летот, тој рекол дека се искачува на висина од 1220 метри, а всушност паѓал кон ридот на кој на крајот се урнал.

Во извештајот на истражителот се вели дека пилотот направил погрешна проценка на траекторијата на хеликоптерот, а една од причините е маглата, која била многу густа на денот на трагедијата.

Исто така, во извештајот не е наведена последната причина за падот на хеликоптерот, но се собрани сите претходни резултати од истражувањето.

Причините за катастрофата што го потресе светот сè уште се испитуваат. Покрај Брајант и неговата ќерка Џана, во несреќата загинаа и Џон Алтобели, Кели Алтобели, Ајса Алтобели, Сара Честер, Пејтон Честер, Кристина Маузер и пилотот Ара Зобајан.