Пиоли е веќе минато: Милан наскоро добива нов тренер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан вчера доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Аталанта, каде што беа поразени со 0-5 во италијанската Серија А.

Веднаш по поразот во медиумите почнаа шпекулациите за промена на тренерот, а наводно веќе е познат и наследникот на Стефано Пиоли.

Тоа ќе биде Ралф Рагник, кој наводно ги договорил условите со екипата на Милан, па наскоро треба да биде претставен како стратег на клубот.

Иако се очекуваше дека тој можеби ќе стане кормилар на Манчестер јунајтед, сепак јасно е дека такво нешто нема да има.

Рагник во својата тренерска кариера работеше во Хофенхајм, Лајпциг, Шалке, Хановер, Штутгарт, па сега ќе се обиде да го извлече Милан од пеколот.