Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан славеше со 3-1 против Фросиноне во 14. коло од Серија А и остана во трката за првото место на табелата.
Јовиќ, Пулишиќ и Томори беа стрелци на головите за „росонерите“, а тренерот Стефано Пиоли по натпреварот кажа дека е среќен со резултатот.
Пиоли притоа ги „пецна“ Масимилијано Алегри и останатите во Јувентус кои често велат дека сакаат пласман во топ-4, а не им е приоритет титулата.
„Оваа победа е тоа што го посакувавме. Мора да се бориме за врвот. Тие кои велат дека не се стремат кон првото место е затоа што не биле таму со години“, кажа Пиоли.