Пиоли ја прослави титулата на Милан со – тетоважа (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан по пауза од 11 години повторно се радува во Серија А, откако вчера го освои Скудетото и заврши пред вечниот ривал Интер.

„Росонерите“ беа одлични на „Мапеи“ и со 3-0 го уништија Сасуоло, а притоа два гола постигна Оливие Жиру и еден Франк Кеси.

Тренерот Стефано Пиоли успеа да го препороди Милан и да го извлече максимумот од екипата, па по повеќе од една деценија ја искачи на врвот во Серија А.

Пиоли реши да го прослави успехот на неговата екипа со тетоважа, па го истетовира бројот ан титули, односно „19“.