Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милан се пласира во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), откако со 1-0 беше подобар од Тотенхем.
Тренерот Стефано Пиоли беше среќен по натпреварот и кажа дека неговата екипа е подготвена да се бори за титулата во ЛШ.
„Бевме навистина добри. Ова е заслужен пласман во четвртфинале. До каде може да стигнеме? До крајот, не постои нешто што е невозможно. Секако, одиме чекор по чекор и ја чекаме ждрепката за да видиме со кого ќе играме“, кажа Пиоли.
Италијанскиот шампион, од друга страна, не игра најдобро во Серија А и до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во топ-4.