Пиоли: Наполи е италијански шампион и горди сме што го елиминиравме!


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Милан по пауза од 16 години повторно обезбеди пласман во полуфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), откако го елиминира Наполи со вкупни 2-1.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли лани го израдува гигантот со титула во Серија А, а сега го носи кон европската титула.

„Јас ви кажав дека Наполи е италијански шампион и ние сме горди што ги елиминиравме. Овие победи ни даваат самодоверба. Немам желба за противник во полуфиналето, знам само дека ќе има спектакл. Сега сакам да уживам во пласманот во полуфинале“, кажа Пиоли.