Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан минатиот викенд го одигра најслабиот меч сезонава во Серија А и загуби на гостувањето кај Специја со 0-2.
Тренерот Стефано Пиоли поради тоа реши да го вклучи алармот во Милано и закажа итен состанок со фудбалерите.
Пиоли е незадоволен со пристапот на неговите фудбалери и се надева дека по денешниот состанок такво сценарио нема да се повтори.
„Росонерите“ в четврток играат меч во Лига Европа, а за викенд ги очекува уште една голема пресметка, и тоа против Интер.
Милан по подолго време го загуби првото место во Серија А и сигурно против лутиот градски ривал ќе биде под притисок.