Пиоли со прв јавен коментар за можното доаѓање на Ибрахимовиќ во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ се повеќе се поврзува со враќање во Серија А каде би требало да го облече дресот на Милан.

Искусниот напаѓач за неколку дена ќе стане слободен агент и ќе може да потпише со било кој клуб без никакво обесштетување.

Се верува дека работите со Милан се при крај, а сега со коментар се огласи и тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли.

„Веќе посочив дека Ибрахимовиќ е голем шампион поради неговите технички квалитети, но и поради неговиот квалитет. Сегашноста е важназа нас, има постојани шпекулации околу клубот, но јас мора да се фокусирам само на работите кои ќе се случуваат на теренот“- истакна Пиоли.