Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло беше разочаран и нервозен по ремито против Верона (1-1), а тоа го покажа и при вербалната пресметка со еден новинар од „Скај Спорт“.
Новинарот го праша Пирло зошто некои фудбалери ги користел на погрешни позиции.
„Бевме во извонредна ситуација, ако ги погледнете отсутните. Сандро веќе го прилагодив за стопер и не можевме да измислиме повеќе од тоа“, кажа Пирло.
Потоа Пирло зборуваше за одбраната со Драгусин, кој според тврдењето на новинарот играл на позицијата бек, а Пирло смета дека неговата улога била исклучиво на позицијата централен дефанзивец.
„Драгусин не е бек и никогаш не играл како бек, тој е трет стопер. Пред коментарот требаше да погледнете некои натпревари“, вели тренерот на Јуве.