Пирло почна да го губи гласот, бунт во Јувентус, Роналдо си прави што сака!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус минатото лето го ангажираше Андреа Пирло, кој претходно беше нивни фудбалер, но нема никакво искуство, па и самите беа свесни за ризикот дека тимот може да не заигра како што очекуваат.

Пирло нема најдобри резултати со Јувентус, а покрај тоа нема ниту добар однос со фудбалерите. Италијанските медиуми открија дека Италијанецот не им откривал на фудбалерите со каква тактика ќе играат на натпреварите, туку за тоа бил задолжен неговиот помошник Игор Тудор.

За време на натпреварите повторно Пирло не го води главниот збор, туку тоа го прави вториот помошник Роберто Баронио, па фудбалерите се бесни поради неговиот однос и слабата комуникација со главниот тренер.

Голем дел од фудбалерите се чувствувале збунети за тоа како да играат на натпреварите, а исто така Кристијано Роналдо почнал да си зема слободни денови кога сака, односно да не игра за шампионот, што беше случај и против Беневенто.