Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Новиот менаџер на Јувентус, Андреа Пирло потврди дека напаѓачот, Гонзало Игуаин ќе го напушти клубот ова лето.
За разлика од Игуаин, неговиот сонародник Пауло Дибала според зборовите на Пирло речиси сигурно ќе остане во Торино.
„Зборував со Игуаин. Тој е личност која ја ценам и кој играше доста важна улога овде. Тој е одличен играч, но ние одлучивме дека нашите патишта тука мора да се разделат.
Дибала е важен играч и ќе биде дел од нашиот проект. Квалитетните играчи може да играат заедно во било кој тим. Најважно е што сите прават жртви за да помогнат на тимот“ –изјави Пирло.