Пирло прецрта двајца играчи на Јувентус


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Андреа Пирло ја започна својата прва тренерска авантура ни помалку ни повеќе во гигантот Јувентус.

Некогашниот маестрален играч се фати за работа па веќе почна да го спроведува својот план во тимот.

Новинарот на „Скај Италија“, Џанлука Ди Марцио пренесе дека Јувентус во моментов бара решение како да се ослободи од договорите на Сами Кедира и Гонзало Игуаин.

И двајцата искусни фудбалери не се посакувани од страна на Пирло кој има свои замисли и веќе почнува да ги спроведува во целост.