Пјаниќ: Куман не ме почитуваше и тој е многу чуден тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку часа откако се пресели во Бешикташ, Миралем Пјаниќ направи интервју за шпанска „Марка“ и зборуваше за неговата најтешка година во кариерата во која имал лош однос со тренерот Роналд Куман.

Пјаниќ уште не разбира што згрешил и зошто добил лош третман кај тренерот од Холандија.

„Многу сум среќен и мотивиран поради преселбата во Бешикташ. Стигнав во Сараево по потписот на договор со Бешикташ. Не можев да ја прифатам ситуацијата низ која минав минатата година. За мене тоа е неприфатливо. Секогаш ми се допаѓаше начинот на игра на Барселона, но таму налетав на тренер кој не го познавам и очекував да ми каже директно ако згрешам, но тоа не се случи“, вели Пјаниќ.