Пјаниќ со емотивна порака го поздрави заминувањето на Де Роси од Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ со емотивна порака на Инстаграм се прости од капитенот на Рома, Даниеле Де Роси кој ќе ја промени средината по крајот на оваа езона.

Де Роси по цели 18 години ќе го напушти „Олимпико“, а веројатно ќе си замине и од Италија и кариерата ќе ја продолжи во Њујорк Сити.

Пјаниќ и Де Роси играа заедно до 2011 до 2016 година, а босанскиот репрезентативец со пораката покажа дека пријателството меѓу нив се уште трае.

„Приказна која предизвикува емоции кога ќе ја слушнеш, а да се биде дел од неа е привилегија и нешто на што засекогаш ќе бидам благодарен. Среќно Даниеле, брате мој“ –напиша Пјаниќ.