Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната ѕвезда во англискиот фудбал Даниел Стариџ ќе мора да плати 30.000 долари на момче кое во 2019 година му го пронајде кучето.
Судот во Лос Анџелес донесе одлука во корист на Фостер Вашингтон, кој го тужеше Стариџ затоа што не му ја исплатил ветената награда.
На англискиот фудбалер му било украдено кучето од домот во Лос Анџелес, а Стариџ вети награда на социјалните мрежи за тој кој ќе го пронајде.
Вашингтон, кој се занимава со музика, го пронашол кучето и го вратил на фудбалерот, но награда не добил, па решил да се тужи на Суд.
„Се надевам дека ќе ми ја исплати наградата и нема да се жали. Се борам за своите права и ветената награда“, вели Вашингтон.