Планот „Меси 2023“ постои, Барселона го направи првиот потег!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона следното лето ќе направи сè за да го врати Лионел Меси, а новинарот Фернандо Поло објави статија за можното враќање на Аргентинецот во Каталонија.

Според него, Барселона го направила првиот чекор за враќање на Меси, откако Жоан Лапорта разговарал со неговото семејство, како и со неговиот менаџер.

Барселона сака да го врати и како фудбалер, но и како клупски амбасадор по завршување на кариерата, но Меси ќе мора да прифати помала плата од таа во ПСЖ.

Меси во моментов заработува 30 милиони евра во францускиот гигант, па не е јасно дали е подготвен на драстично намалување на платата.

Барселона веќе ги разгледувала и плановите за тактиката, односно како Меси би се вклопил со Роберт Левандовски, па тоа најверојатно ќе успее да го среди тренерот Чави, доколку Аргентинецот се врати во тимот.