Плата од 15 милиони евра за позиција – „статива“ (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл продолжи со својата незаинтересираност на тренинзите на Реал Мадрид.

Шампионот на Шпанија се подготвува за завршната борба во Лигата на шампиони и рваншот со Манчестер сити во петок од 21 часот.

Изгледа крилниот напаѓач не го интересира тоа, а неговото однесување на тренинг ги налути навивачите на клубот.

На последната снимка од тренингот на „кралевите“ може да се забележи како Бејл не вложува ниту минимален труд во играта за чување на топка, па многумина го споредија со „статива“.