Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Младиот фудбалер кој блесна во Бундеслигата и го предводеше својот поранешен тим до историската титула во 2023/24, засега се мачи во Премиер лигата.
Флориан Вирц пристигна во Ливерпул ова лето со огромни очекувања после рекордниот трансфер од Баер Леверкузен.
Младиот фудбалер кој блесна во Бундеслигата и го предводеше својот поранешен тим до историската титула во 2023/24, засега се мачи во Премиер лигата.
Во девет настапи во сите натпреварувања нема постигнато ниту гол, ниту асистенција.
Ситуацијата стана загрижувачка бидејќи Германецот сите пати беше заменет пред крај на натпреварот кога беше стартер.
Навивачите беа изненадени и од неговото седење на клупата во дербито против Евертон, кој Ливерпул го доби 2:1 по драматичен завршеток.
Против Кристал Палас доби нова шанса во стартната постава, но разочара.
Најдобрата шанса ја промаши од пет метри, удирајќи право во Дин Хендерсон.
Во 74. минута Арне Слот го повлече од теренот и го внесе Федерико Кјеза.
Вејн Руни смета дека Вирц ја нарушува рамнотежата на играта на Ливерпул.
“Тешко му е, тука нема дилема. Сигурно ќе бара внатре во себе начин да ја поправи ситуацијата и размислува како да излезе од ова,” изјави Руни.