Платиле 10.000 марки за Антиќ, па дознале дека е повозрасен од што мислеле (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот српски тренер Драган Шакота гостуваше во кошаркарскиот подкаст „Јао Миле“, а една од темите за кои разговараа беше Перо Антиќ.

Македонската легенда во кариерата играше за АЕК од Грција, каде што тренер бил Шакота кој откри дека му платиле 10.000 марки на Работнички.

Шакота мислел дека Антиќ е две години помлад од тоа што навистина бил, а тоа го потврди во подкастот.

„Во тоа време бев на еден турнир во Грција, таму беше и Перо Антиќ. Бев фасциниран од неговите настапи, беше прв стрелец. Ми кажаа дека е роден 1984 година. Ја знаев таа генерција и помислив дека во таа генерација друг таков играч едноставно не постои. Веднаш разговарав со менаџерот на АЕК и лесно го купивме, за само 10.000 марки. Но кога дојде време да го регистрираме се виде, според неговиот пасош, дека Перо всушност официјално е повозрасен и дека е роден 1982 година а не 1984 година. Но и со тоа годиште ние го ангажиравме“, кажа Шакота.