Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на фрранцускиот фудбал, Мишел Платини жали поради Диего Марадона, кој почина од срцев удар во неговиот дом во близина на Буенос Аирес.
Сепак, Платини не е изненаден од оваа вест затоа што смета дека се очекувало такво нешто поради начинот на живот кој го имал фудбалскиот бог.
„Голема загуба за фудбалот, но после се што се случуваше во последните години искрено ова го очекував. Се припремив за денот кога на радио ќе ја слушнам веста за смртта на Марадона. Очекував лоши вести. Знам дека е тажно, ова е момент во кој ви се крши срцето. Тогаш се јавува чувство на носталгја. Не го обвинувам него за неговите грешки, виновни се луѓето колу него. Добро го искористија и не помогнаа да се опорави. Жал ми е поради тоа. Марадона беше одличен фудбалер, фудбалски Бог“, кажа Платини.