Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси пред пет години на инсистирање на Жозе Мурињо во своите редови го донесе талентираниот француски дефанзивец Курт Зума.
Имаше Фрнацузинот проблеми и со повредите, па беше и на позајмица во Стоук, од ова лето игра како позајмен играч на Челси за екипата на Евертон.
Еден е од најстандардните на „Гудисон парк“, нуди добри партии и „Карамелите“ би сакале да го задржат во своите редови.
Сепак, Челси не сака да го продаде на екипата од Ливерпул, дури и покрај фактот дека самиот Зума би сакал да остане на „Гудисон“.
„Плавите“ се загрижени и поради забраната за трансфер, која им е изречена од страна на УЕФА, иако се надеваат дека со жалба би можеле да го одложат купувањето ова лето, но во секој случај, го сакаат Зума назад, бидејќи добро се покажа и може да им биде од корист.