Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот Марсело, кој е еден од најдобрите леви бекови во фудбалот во 21 век е нов фудбалер на Олимпијакос, а информацијата ја потврди и грчката екипа.
Овој 34-годишен фудбалер доаѓа во Грција како слободен играч, откако потпиша едногодишен договор со црвено-белите со можност соработката да се продолжи на уште една сезона.
Искусниот бек се поврзуваше со многу европски гиганти, откако стана јасно дека го напушта тимот на Карло Анчелоти, но сепак се реши да потпише за Олимпијакос.
Марсело во Реал стигна во 2007 година од Флуминезе и за шпанскиот шампион одигра 546 натпревари, при што освои 25 трофеи.
Ένας αληθινός ΘΡΥΛΟΣ του ποδοσφαίρου στον ΟΛΥΜΠΙΑΚΟ! / A true football LEGEND joins OLYMPIACOS! 🔴⚪️ 🇧🇷
— Olympiacos FC (47🏆) (@olympiacosfc) September 2, 2022
Welcome MARCELO to Piraeus 🔴⚪️🇬🇷 @MarceloM12 #Olympiacos #Marcelo #M12 #Legend #WelcomeMarcelo #Football #Piraeus #Greece #Brazil #WeKeepOnDreaming pic.twitter.com/eR2CdVi8tA