По 45 години голман на Реал Мадрид не прими гол во двете средби против Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа оствари победа од 2-0 против Барселона, а голманот Тибо Куртоа направи нешто што долго време не се случило.

Куртоа ја зачува мрежата во двете средби против Барселона сезонава, а тоа е рекорд, односно такво нешто се случува за првпат по сезоната 1974/75.

Освен во споменатата сезона Реал тоа успеал да го направи уште двапати и тоа во сезоната 1935/36 и 1957/58.

Па така Куртоа, кој многумина го критикуваа, успеа да им докаже дека го заслужува дресот на „кралевите“, а на 15 од вкупно 31 меч ја зачува својата мрежа недопрена.