По новиот срам на Баерн: Германска легенда побара отказ за Тухел!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен загуби од Хајденхајм со 2-3 во минатото коло во Бундеслигата, а тоа предизвика дополнителни критики на сметка на тренерот Томас Тухел затоа што шампионот е на праг да ја загуби титулата.

Легендарниот Лотар Матуес даде коментар за лошите резултати на баварскиот тим и го обвини Томас Тухел кој треба да замине на крајот на сезоната.

Матеус го критикуваше Тухел и кажа дека германскиот стратег треба да си замине што е можно побрзо.

„Тухел повеќе не може да допре до тимот. Настапите на прес-конференциите му се чудни и верувам дека Баерн ќе реагира во следните 48 часа. Едноставно вака не може да се продолжи ниту до крајот на сезоната. На екипата ѝ треба нов имплус кој Тухел не може да го понуди. Не знам кој би требало да го наследи, се споменуваат повеќе имиња, но само тргнете го него, тоа е најважно во овој момент“, изјави Матеус.