По ова нема назад: Нејмар му соопштил на газдата на ПСЖ дека сака да замине!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нејмар не сака повеќе да остане во ПСЖ и сака да се врати во Барселона. Шпанските и француските медиуми објавија дека на состанокот во Париз, првата ѕвезда на парижаните му соопштила на газдата на клубот, Насер Ал-Келаифи.

За желбата на Нејмар досега знаеше само неговиот најблизок круг на пријатели, како и неколку фудбалери од Барселона, но сега е веќе јасно каде ќе заврши во наредните месеци.

„Не сакам повеќе да играм за ПСЖ, сакам да се вратам дома, од кадешто не требаше никогаш да заминам“, наводно порачал Нејмар.

Да потсетиме, Нејмар пред две години се пресели од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра и така стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.