Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Романскиот фудбалски првак ФЦСБ доживеа елиминација во квалификациите за Лигата на шампионите, откако на домашен терен беше поразен од македонскиот претставник Шкендија.
По завршувањето на натпреварот, атмосферата на стадионот во Букурешт беше особено напната, а ситуацијата дополнително се влоши со инцидент во кој беше инволвиран искусниот напаѓач Денис Алибек.
Како што пренесува реномираниот романски медиум „Дигиспорт“, Алибек реагирал бурно на навреди од еден навивач и во еден момент тргнал физички да се пресмета со него додека се упатувал кон тунелот.
Фото: Принтскрин