По последната изјава на Мбапе, ПСЖ може да му посака само среќен пат во Мадрид


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Договорот на францускиот напаѓач Килијан Мбапе, еден од најдобрите фудбалери во светот, со ПСЖ трае уште шест месеци.

Тоа што ги плажи парижаните е фактот дека Мбапе може наскоро да почне преговори со заинтересираните тимови, а како главен кандидат за неговиот потпис се споменува Реал Мадрид.

Тоа е тим кој му е омилен на Французинот од кога бил дете и сега сака да потпише со него. А газдите на парижаните не можат да го убедат Мбапе да остане.

„Мене не ми е важно да заработам пари, дури и ако тоа е важно, зашто имаме семејства за кои мора да се грижиме. За мене искуството е најважно, сакам да откривам нови места, патувања и да запознавам различни луѓе“, кажа Мбапе.

Парижаните наводно му понудиле нов договор на Мбапе, но тој не им дал одговор и чека да поминат уште 15 дена за да почне преговори со Реал Мадрид.