По само една сезона: Куртоа оди во „амбис“, откако се продаде каде Зидан владее поинаку од очекуваното…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид и Тибо Куртоа би можеле да ја завршат соработката по само една сезона.

Белгискиот голман изминатото лето пристигна како големо засилување од Челси. Сепак, од неговите настапи никој не е воодушевен, а со враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Кралевите го загуби и местото на прв голман.

Многу лесно би можело да се случи Куртоа да го напушти Реал Мадрид. Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, Кралевите и тоа како се заинтересирани за доведување на Давид Де Геа и ќе се обидат тоа да го остварат веќе ова лето.

Дека одредени работи на позицијата „еден“ Реал ќе промени, најави и самиот Зидан.

„Ве убедувам дека следната сезона нема да има приказни за прв голман“, истакна Зидан и додаде:

„Моментално имам три добри голмани, но следната сезона се ќе биде јасно“, истакна тренерот на Кралевите.

Куртоа оваа сезона во дресот на Реал одигра 32 натпревари, а прими 42 погодоци.

Де Геа од друга страна има договор со Манчестер Јунајтед до 2020. година. Одби продолжување на соработката поради пари, Јунајтед му нуди 350 илјади фунти седмично, а Шпанецот бара половина милион фунти.

Тоа Реал е подготвен да му го понуди и Де Геа би можел да стане член на Кралевите.