По серијата лоши резултати: Монтела доби отказ од Фиорентина


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Винченцо Монтела повеќе не е тренер на Фиорентина, откако запиша слаби резултати сезонава, па раководството на клубот од Фиренца реши да се раздели со искусниот тренер, а таа одлука беше официјално потврдена во текот на денешниот ден.

Монтела со Фиорентина сезонава беше катастрофален, па екипата во моментот кога ја напушти беше на 14. место со 17 бодови, а на тренерот му пресуди поразот од Рома со убедливи 1-4.

Наскоро ќе биде познат и неговиот наследник, а главна желба на раководството на тимот од Фиренца е Лучано Спалети, но се споменуваат уште неколку имиња, меѓу кои Бепе Јачини, Џиџи Ди Бјаго и Чезаре Прандели.