Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид бара нов голман, откако Тибо Куртоа ги скинал лигаментите на тренинг и ќе мора да паузира осум месеци.
„Кралевите“ имаат веќе неколку имиња на листата со желби, а еден од нив беше Давид Де Хеа кој е слободен агент, но сега уште еден голман се поврзува со шпанскиот гигант.
Доминик Ливаковиќ има клаузула од 10 милиони евра, па „кралевите“ би можеле да го купат доколку решат дека е соодветна замена за Белгиецот.
На листата со желби се наоѓаат и Кепа Аризабалага, Јасин Боно, Мамардашвили и Диого Коста.