По Суарез сега Џеко отпадна од комбинација за Јувентус, клубот од Торино експресно најде замена која утре стигнува на прегледи


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Како што стојат работите, Јувентус на крај ќе го обезбеди потписот на Алваро Мората кој ќе биде нивен нов напаѓач за следната сезона.

Иако Џеко веќ ебеше договорен, пропаднатиот трансфер на Аркадиуш Милик во Рома ќе го стопира целиот договор па Босанецот ќе остане во главниот град на Италија.

„Скај Италија“ пренесува дека Јувентус веднаш се договорил со Алваро Мората кој уште утре ќе пристигне на медицински прегледи во Торино пред и официјално да го комплетира враќањето во „старата дама“.