По Суперлигата, Англичаните добија нова идеја: Сакаа да ги измамат, а сега ги викаат да им ги водат тимовите?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тотенхем во својот управен одбор ќе постави претставници од навивачите со цел да ги подобри односите со фановите, кои беа нарушени затоа што тимот сакаше да создаде европска Суперлига.

Суперлигата беше создадена од 12 клубови, шест од Англија и по три од Италија и Шпанија на 18 април, но по само 48 часа беше изгасен проектот поради нападите од навивачите и УЕФА и ФИФА.

Челси минатата недела најави дека три навивачи ќе бидат на функција советници за навивачите, а ќе присуствуваат на состаноците на управата на клубот од 1 јули за да се подобри односот со останатите фанови.

„Веруваме дека вака ќе обезбедиме навивачите да бидат дел од носењето одлуки во клубот“, соопштија од лондонскиот тим.

Газдата на Манчестер јунајтед, Џоел Глејзер во отворено писмо кажа дека ќе ги подобри односите со навивачите зашто главниот збор во клубот ќе го добиеле токму фановите.