По трансфер вреден 120 милиони евра, Барселона очајно сака да го продаде Гризман


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Филипе Кутињо е промашена инвестиција на Барселона, а сега и Антоан Гризман станува голем проблем за каталонскиот гигант.

Барселона со сите сили сака да се ослободи од платата на францускиот репрезентативец, која изнесува околу 36 милиони евра бруто.

Одамна му беше предложена трампа на Атлетико Мадрид, но 30-годишниот фудбалер бил понуден и на премиерлигашите Тотенхем и Манчестер сити.

Тотенхем најверојатно ќе има потреба од напаѓач ако Хари Кејн си замине, додека Манчестер сити бара напаѓач откако си замина Серхио Агуеро.

Проблем за Барселона е тоа што сите знаат дека Гризман нема да ги намали своите барања, а притоа долгот на Каталонците е 1,2 милијарди евра и нема многу простор за преговори со останатите гиганти.