Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одржа ждребот за распоредот за новата сезона во првата македонска фудбалска лига.
На стартот ќе гледаме еден многу интересен натпревар, пелагониското дерби помеѓу Победа и Пелистер.
Актуелниот шампион Вардар сезоната ќе ја почне на домашен терен против Шкупи, а новиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров на стартот го доби Работнички.
Победа – Пелистер
Брегалница – Ренова
Македонија Ѓорче Петров – Работнички
Шкендија – Силекс
Вардар – Шкупи
Новата сезона почнува на 7-ми август, а ќе заврши крајот на мај. На 4 декември ќе почне зимската пауза која ќе трае до 19-ти февруари. Нови прволигаши се Победа, Пелистер и Македонија Ѓорче Петров, а Вардар ќе ја брани титулата.