Победа против Пелистер на стартот на новата сезона, шампионот стартува против Шкупи

Денес се одржа ждребот за распоредот за новата сезона во првата македонска фудбалска лига.

На стартот ќе гледаме еден многу интересен натпревар, пелагониското дерби помеѓу Победа и Пелистер.

Актуелниот шампион Вардар сезоната ќе ја почне на домашен терен против Шкупи, а новиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров на стартот го доби Работнички.

Победа – Пелистер

Брегалница – Ренова

Македонија Ѓорче Петров – Работнички

Шкендија – Силекс

Вардар – Шкупи

Новата сезона почнува на 7-ми август, а ќе заврши крајот на мај. На 4 декември ќе почне зимската пауза која ќе трае до 19-ти февруари. Нови прволигаши се Победа, Пелистер и Македонија Ѓорче Петров, а Вардар ќе ја брани титулата.