Почина бивш бразилски фудбалер кој играше полуфинале на СП во 1998 година


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот бразилски репрезентативец Зе Карлос го загуби животот на 57-годишна возраст, а тоа го потврди неговиот бивш клуб Сао Паоло.

Бразилските медиуми објавија дека Зе Карлос починал од срцев удар, иако такво нешто засега не е потврдено.

„Со голема тага објавуваме дека почина поранешниот фудбалер Хозе Карлос Алмеида Зе Карлос во Осакс“, соопшти Сао Паоло.

Зе Карлос настапи на Мундијалот во 1998 година во полуфинале како замена за Флавио Консеисао.