Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот руски фудбалер Виктор Понеделник, почина на 83-годишна возраст, а ќе се памети по победничкиот гол за СССР во првото финале на Европското првенство (ЕП) во 1960 година.
Во мечот против Југославија, Понеделник даде гол при 1-1, седум минути пред крајот на продолженијата на „Паркот на принцовите“.
Понеделник беше стрелец и против Чехословачка во полуфиналето од 3-0, а сите негови поранешни соиграчи од репрезентацијата досега починаа, односно тој беше последен актер од големото финале.
Роден е во 1937 година во Ростов, а играше финале и во 1964 година, кога Шпанија беше подобар од СССР. Кариерата ја заврши во 1966 година, а играше уште за Торпедо, ЦСКА, Ростов и Спартак Москва.