Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Драган Пантелиќ ја загуби битката против ковид-19. Еден од најдобрите голмани на просторот на поранешна Југославија во вторникот беше приклучен на респиратор, а денеска почина во болницата.
Пантелиќ почина на 70-годишна возраст, откако во претходните денови му се влоши здравствената состојба.
Голманот имаше одлична кариера и бранеше за Графичар, но го носеше дресот и на француски Бордо, а ќе остане запаметен по изведувањето на пенали.
Во кариерата постигна повеќе од 30 голови, а за репрезентацијата на Југославија бранеше од 1979 до 1984 година. Беше чувар на голот и на Светското првенство (СП) во 1982 година во Шпанија, а на 19 настапи постигна два гола.