Почина легендарниот Златко Крањчар!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Златко Крањчар на средината на февруари беше примен во болница во Задар поради проблеми со црниот дроб, а состојбата му се влоши по 10 дена и итно беше пренесен во Загреб.

Крањчар е легенда на Динамо, а играше и за репрезентацијата на Југославија и беше селектор на Хрватска од 2004 до 2006 година.

Роден е на 15 ноември 1956 година во Загреб и со 556 меча и 99 голови е рекордер на Динамо во вкупен број одиграни натпревари број на постигнати голови на прволигашките натпревари.

Првите чекори ги направи во Динамо, каде што играше од 1973 до 1983 година, а со нив беше шампион во 1982 година и го освои Купот двапати, а во текот на кариерата настапуваше за Рапид Виена и Санкт Полтен.