Почина Мино Рајола по долга и тешка битка со болеста!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најпознатиот фудбалски менаџер, Мино Рајола почина на 54-годишна возраст, а неговото семејство ја потврди тажната вест преку социјалните мрежи.

Рајола го носеше прекарот на „супер менаџер“ во светот и беше предводник на некои од најдобрите фудбалери во светот како Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Матијас де Лихт, Ерлинг Халанд и Џанлуиџи Донарума.

Рајола реализираше еден од најголемите трансфери во 2016 година, кога го врати Пол Погба во Манчестер јунајтед за сума од 105 милиони евра.

Неодамна медиумите објавија дека Рајола починал, но набрзо стигна демант од неговото семејство, како и од самиот менаџер, но овој пат дефинитвно го загуби животот по долгата борба со смртта.