Почина младински репрезентативец на Македонија: Ракометарот имаше само 20 години!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нова тажна вест ни доаѓа денеска откако почина уште еден македонски ракометар, 20-годишниот Марко Божиновски од Бутел.

Момчето вчера играло против Еурофарм Пелистер 2, по што заминало дома, но утрово не се разбудило од сон, како што пишуваат останатите македонски медиуми.

Божиновски беше младински репрезентативец на Македонија, а во минатото настапуваше и за Бутел 2, од каде што го засили Бутел во 2018 година.

Пред неколку дена се случи друга трагедија, кога телото на голманот на Охрид, Никола Даниловски беше пронајдено во водите на Охридското езеро.