До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Мајкл Робинсон почина во Мадрид на 62-годишна возраст по долга и тешка болест.
Англискиот клуб соопшти дека бившиот играч, кој само една сезона го носеше дресот на „црвените“ и во историската 1983/84 одигра 30 натпревари, постигна шест гола и освои тројна круна – титула во првенството, Лига Купот и Купот на шампионите.
Во текот на кариерата настапуваше уште и за Манчестер сити, Престон, Брајтон, КПР, Осасуна, додека за репрезентацијата на Ирска одигра 24 меча.















