Почина познат француски судија од мозочен удар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светот го погоди уште една трагедија, откако познатиот француски судија Јохан Хамел синоќа починал на 42-годишна возраст.

Хамел тренирал како и секој ден и сакал да остане во форма додека е на пауза, но сепак за време на тренингот доживеал тежок мозочен удар.

Трагичната вест ја потврди и Унијата на француски судии.

„Судиската организација жали за нашиот колега и пријател, кој почина на 42-годишна возраст. Изразуваме сочуство до семејството и пријателите. Јохан, ќе ни недостигаш“, соопштија од организацијата.

Последен натпревар кој го судеше Хамел е тој на 6 ноември меѓу Лил и Рен.