Почина селекторот кој ја однесе Аргентина до финале на СП во 2014


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алехандро Сабеља, поранешниот селектор на Аргентина, почина на 66-годишна возраст.

Сабеља неколку дена беше во болница, а аргентинските медиуми објавија дека состојбата му се влошила кога слушнал дека почина Диего Марадона.

Сабеља почина и во Аргентина сега се тагува по ште една фудбалска легенда. Тој во 2014 година ја однесе репрезентацијата до финале на Светското првенство, каде што загубија од Германија.

Во кариерата настапуваше за многу тимови, како што се Ривер плејт, Шефилд јунајтед, Лидс, Гремио…